За заедничка Македонија од партиите директно ќе бара избори и отфрлање на Тиранската платформа

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во понделникот ќе ги продолжи масовните протесни поворки со кои има намера да ги спречи обидите на СДСМ и четорите албански партии да се обидат да формираат влада доколку не се откажат од ткн Тиранска платформа и најави дека од партиите овојпат директно ќе побара одржување нови избори.

 

„Ден 57. Преку Македонскиот народен документ – Избори се за Македонија, Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија побара одржување на предвремени парламентарни избори за излез од кризата“, напишаа од иницијативата на фејсбук профилот Илинден #4 – Граѓанска иницијатива за Заедничка Македонија

 

„По третпат на нашата патека ќе се најдат најголемите политички партии во Македонија, на кои ќе им се обратиме директно и ќе побараме да ја поддржат нашата иницијатива за избори како излезно решение и начин тиранската платформа, против која граѓаните извојуваа многу помали победи, да биде конечно отфрлена и ставена во заборав, каде што ѝ е местото“, се додава во објавата.

 

Најавуваат дека по собирот во вообичаениот термин од 17 часот нивната поворка ќе се движи кон седиштетот на ВМРО-ДПМНЕ и ќе заврши пред Собранието. Во вторник, пак, патеката на маршот ќе ја завршат пред седиштетот на втората по големина македонска партија СДСМ на улицата Павел Шатев.

 

„Тиранската платформа нема да ја има! Избори ќе има! Избори за финална победа! Избори се за Македонија“, порачуваат уште еднаш од За заедничка Македонија.