„За заедничка Македонија“ продолжува со протестите

Не сакаме двонационална и двојазична Македонија туку мултиетничка заедничка Македонија, порачаа на синоќешниот собир од граѓанската иницијативата. Уаптија пораки и до Доналд Туск: „Народот е тој кој одлучува, Македонија не ја даваме“.

Организаторите на протестите велат дека не се откажуваат од барањата. На вчерашниот протест ја поздравија одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да не го менува својот став по однос на доделувањето на мандатот, го охрабрија да не подлегнува под притисок на странските фактори.