„За заедничка Македонија“ со протестен марш во Неготино

Протестен марш на поддржувачи на иницијативата „За заедничка Македонија“ и вечерва се одржа во Неготино.

Пред присутните се обрати Катерина Данаилова, поддржувач на иницијативата, која говореше за историјата на македонскиот народ, како што рече, полна со распарчувања, неправди и омаловажувања.

Нагласи дека македонскиот народ не е наивен за да може да се излаже и изманипулира.

– Со векови сме биле истребувани. Се плашеле од македонштината како од чума. Затоа што се плашеле од вистината, рече Данаилова.

Македонскиот народ, додаде, сега е поголем од кога било затоа што вистината е на страната на народот. А пред вистината, порача, молчат и боговите.

– Овој народ е суверен и ќе ја заштитува и брани својата унитарна држава како ниеден друг народ во светот, истакна Данаилова.