За заштита од омикрон сојот можеби ќе биде потребна и четврта доза од вакцините, сметаат во „Pfizer“

Две дози од оваа вакцината „Pfizer/BioNTеch“ не претставуваат силна заштита од новата омикрон варијантата на коронавирусот, па затоа се препорачува и засилувачка доза, а првите луѓе на американскиот фармацевтски гигатн „Pfizer“ соопштија дека можеби ќе биде потребна и четврта доза за заштита од овој сој.

Дополнителната ткн „бустер“ доза од вакцината би помогнала да се сконтролира сојот, иако и две дози даваат некаква заштита од сериозна форма на коронавируснта болест Covid-19 предизвикана од омикрон варијантата, покажале лабораториските тестови, пишува весникот The Washington Post.

Меѓутоа, Алберт Бурла, извршниот директор на „Pfizer“, за американските медиуми изјавил дека четвртата доза би можела да биде потребна 12 месеци по третата, а можеби и порано.

„Верувам дека третата доза ќе даде добра заштита, но мислам дека ќе ни биде потребна и четврта доза за заштита од омикрон. Со овој сој ништо не се знае, мораме да почекаме и да видиме што ќе се случува, бидејќи имаме многу малку информации. Можеби четвртата доза ќе треба да се прими и за помалку од 12 месеци по третата“, изјавил Бурла за телевизиската мрежа CNBC News.

Во САД досега се регистрирани 40 случаи на сојот омикрон, а повеќето од заболените се со поблаги симптоми. Откако првично беше идентификуван во земјите во јужна Африка, новата мутирана варијанта заочна забрзано да се шири и во европските земји, но и натаму претставува мистерија за научниците, бидејќи нема доволно информации за него.