Претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, во вклучување преку скајп за РТВ Ора рече дека во Северна Македонија треба да има предвремени избори. Според Села, дојдено е време да се смени власта.
Ние како Албанци, како албанска партија, сметаме дека предвремените избори треба да се случат што е можно поскоро. Ова со цел конечно да се смени власта и на тој начин да се донесе демократија и да ја вратиме надежта на луѓето и да се запре егзодусот на младите кон ЕУ, рече челникот на Алијанската за албанците.
Села, исто така, ја критикуваше и владејачката албанска партија ДУИ. Според него, албанскиот дел во Владата владеел на незаконски начин.
Сите функционери на ДУИ се заштитени од овој сегашен полу режим на СДСМ и ДУИ, кои мора да одговараат за криминалот и корупцијата кои ги имаат направено. Затоа велиме дека е многу важно да има предвремени избори со цел да дојде до израз одговорноста на албанскиот дел од владата, која владееше незаконски начин и со проблемите на ваквиот начин на владеење се соочуваме секој ден во албанското општество, заклучи Села