За „Зимзоленд“ и Општина Аеродром се огласи со „толкување“

Земјиштето било на приватен посед, вели Општина Аеродром

Во врска со „Зимзоленд“, би сакале да ве информираме дека инспекциските служби на Општина Аеродром професионално и посветено постапуваат во согласност со своите надлежности.

Според соопштението, веќе две седмици инспекцијата на Општина Аеродром размислува што да прави.

„Инспекциската постапка од страна на Општина Аеродром е отпочната на 28.11.2025 година и во моментов внимателно се разгледуваат сите факти и околности што се однесуваат исклучиво во делот на одобрението за поставување урбана опрема. По целосно завршување на постапката, од страна на Општината ќе бидат преземени соодветни мерки што произлегуваат од законите, доколку за тоа постои утврдена основа“, порачува општинската урпава.

Земјиштето било на приватен посед, вели Општина Аеродром.

„Земјиштето на кое е поставена манифестацијата е во приватна сопственост, а Општина Аеродром не е организатор ниту учесник во програмските активности на „Зимзоленд“.
Продолжуваме внимателно да ги следиме сите активности, со искрена посветеност да обезбедиме сигурна, уредна и пријатна средина за сите жители на Аеродром“, се вели во соопштението.

Поврзани вести