На охридската плажа Егоист од 28 јули до 4 август ќе се одржат концерти на познати балкански и македонски ѕвезди.
Концертите на плажа ги отвора атрактивната Теа Таировиќ на 28 јули, а наредниот ден ќе настапи Боби Павловски, додека на 30 јули Куку леле ќе ги потсетат посетителите на нивните најголеми хитови, ќе приредат незаборавна вечер и ќе порачаат „Да си жива и здрава Македонијо“.
Уште една голема атракција за младата публика Раста, кој на охридската публика ќе и се претстави на 31 јули. Ако билетите се набават порано за големиот концерт на Раста, ќе бидат по промотивна цена. Затоа, побрзајте!
Ноќта спрема Илинден, на1 август, легендите ју-рок сцената и предводници на „новиот бран“ Прлјаво казалиште ќе ве размрдаат со „Црно бјели свет“, „Не зови мама доктора“, „На Бадње вече“, „Кише јесење“ и многу други хитови.
На Илинден сараевската поп-рок група Црвена јабука со „Има нешто од срце до срце“ ќе раскаже романтични приказни со нивните големи хитови.
На 3 август Боби Павловски ќе има уште еден настап, а Џејла Рамовиќ ќе затвори овој летен фестивал на плажата Егоист.
Карти може да се набават во Егоист бич бар.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram