Необичен настан се случи во Гостивар. Фотографиран е пациент како излегува од прозорецот на задната просторија на Одделот за инфективни болести, објави Лајм.
Фотографиите од овој момент ги пренесоа бројни медиуми кај нас, во меѓувреме сѐ уште нема реакција од болницата или полицијата во врска со овој случај.
Македонија се соочува со зголемување на бројот на заразени со ковид-19. По Скопје, Гостивар и Тетово се градовите каде има најмногу заболени со коронавирусот.
Од почетокот на пандемијата во Гостивар се регистрирани 7.503 случаи на коронавирус, додека во моментов има 1.394 активни случаи.