
Погрешно е да се констатира дека платите им се намалени, туку станува збор за боледувањето. Имајќи предвид дека станува збор за новонастаната ситуација за исплата на боледување по основ на професионално заболување од коронавирусот Фондот ќе исплатува надоместок на плата по основ на професионално заболување од ковид-19 во висина од 100 отсто за заболените здравствени работници, рече директорот на Фондот за здравство Ден Дончев.
– Имаше некои процедурални работи кои требаше да се завршат. Министерството за труд ќе направи измени во прписите и во листата на болести и ќе дополни кои болести се сметаат за професионално заболување- рече Дончев.
За партиципацијата на заболени лица од ковид-19 рече Дончев, имајќи предвид специфичната ситуација ќе се донесе уредба за ослободување од партиципација на осигурениците за дијагностицирање и лекување од ковид-19. Овие средства ќе бидат на товар на Фондот.