Заборавено тенџере на шпорет ќе запалеше цела зрада во Аеродром

Малку фалело да се случи голема трагедија утрово во Аеродром кога поради заборавено тенџере на шпорет во стан во зграда, со помош на скопските пожарникари бил избегнат пожар.

Случајот е забележан на осми кат во зградата со број 10 на улица Методија Шатарлов Шарло

Владимир Симоновски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје информира дека утрово , кога по дојава пристигнале пожарникарите, во станот имало само чад. Поради нивната брза интервенција било спречено да настане пожар.