
Реалити ѕвездата Ким Кардашиан откри еден помалку бизарен трик што прави нејзините гради да изгледаат совршено во креациите што ги носи на црвениот килим.
Нејзинотот деколте често е тема на модните критичари и речиси сите го поставуваат истото прашање: Како е можно нејзините гради да стојат на исто место цело време?
Старлетата на својот профил на Инстаграм конечно ја откри тајната што ја чуваше долго време – таа не користи градник, туку самолепливи ленти.
Дефинитивно морав да ја споделам тајната за моите самолепливи ленти со вас. Тоа е трикот што го користам за да имам совршено деколте. Кога ќе ги залепите тогаш тие се супер – затегнати. Мора малку да се помачите, но целосно се исплаќа, напишала таа.
Покрај ова, 30-годишнаѕа реалити ѕвезда откри уште една тајна – станува збор за повеќенаменска леплива лента (gaffer tape).