Забрана на антимакедонски и атидржавни партии и здруженија

Затоа и двете страни мора да сфатат дека така повеќе не може. Политичарите од една страна го разделуваат народот за да ја преземаат власта. А кога ја преземаат, стануват марионети на странците. Македонскиот народ, пак, е многу стрплив и дозволува да биде поделен и не го бара многу цврсто своето право сам да се распоредува со својата судбина и со државата. Што значи тоа? Прво, притисок врз партиите при составање на нивните листи за пратеници. Второ, можност при самото гласање да се менува редоследот на кандидат-пратениците во листите. Трето, можност да се отповикуваат пратеници ако не ги исполнуваат своите обврски. Четврто, распишување на референдуми по клучни прашања без да има потреба од собирање на потписи. Во Швајцарија се одржуваат референдуми дури за градба на пат или мост, а кај нас се потпишуваат договори пресудни за судбината на целиот народ и на државата/како Охридскиот, Пржинскиот, менување на Уставот, на државните симболи/од неколку партиски главатари или од стотина пратеници во Собранието. Без референдум, без дозвола од македонскиот народ.

Спомнувам прашања за договорите и за Уставот, затоа што ни доаѓа ново издание на Пржинскиот договор, потежок во однос на претходните два.

И ТУКА ДИРЕКТНО ПРАШУВАМ; ЗОШТО НИКОЈ МАКЕДОНСКИ ПОЛИТИЧАР И НИКОЈ МЕДИУМ НЕ СПОМНАА ЗА СРЕДБА ПРЕД НЕКОЛКУ ДЕНОВИ НА БЕЈЛИ СО ЗАЕВ? НЕ ЗНАЕТЕ ИЛИ СЕ ПРАВИТЕ НА НЕДОВЕТНИ ЗА УЛТИМАТУМОТ КОН ЗАЕВ ДО 2 АВГУСТ ТАКА ДА ГИ СРЕДИ РАБОТИТЕ, ТА САД ДА ЈА ОСТВАРАТ СВОЈАТА ЦЕЛ ЗА ПРЕКРСТУВАЊЕ И ФЕДЕРАЛИЗАЦИЈА НА МАКЕДОНИЈА?

Веќе неколку пати пишувам за стратегијата на петоколонашите околу 2 август. Два дена по средбата на Бејли со Заев, претседателот Иванов беше на средба во МВР. Се разбира, не бил таму да пие кафе со Чавков и раководителите на безбедносните служби. Зошто молчи како риба и не ја посочи конкретно заканата, вршителот, неговите инструменти и сателити и истовремено со тоа тие да бидат уапсени? Нашите политичари молчат затоа што немаат храброст да ги истераат Бејли и Гарет од државата, немаат храброст да ги забранат Соросовите инсталации, немаат храброст да го пикнат Заев и шпиунскиот/плус криминален/врв на СДСМ во затвор. Затоа тие смирено ќе дочекаат и повторното доаѓање на пучиската Нуланд. И повторно ќе потпишуваат однапред донесен капитулански договор.

Стравот на македонските политичари не е дотолку голем што не им паѓа на памет не само да се спротивстават, туку и да побараат поткрепа од народот. Прво, по мирен начин преку референдуми: за забрана на Соросовите организации, за укинување на неуставното Јавно обвинителство, за забрана на антимакедонски и антидржавни партии и групации, за не менување на уставното име и др. Второ, да го мобилизират народот за одбрана на државата. Тука доаѓаме до најголемиот идиотизам од страна на политичарите: тие попуштале за се на странските и домашни агресори за да не се закрвел народот. За какво закрвување станува збор ако од една страна го имаш македонскиот народ, а од друга – неколку стотини до неколку илјади странски платеници, државни предавници и шпиуни. Или владеачката партија мисли дека тие се дел од македонскиот народ? Само затоа што се родени во Македонија и имат македонско потекло?

ПО ТАА ЛОГИКА ВО ИДНИНА ЌЕ МОРА ДА ГО СТАВИМЕ ВО МУЗЕЈОТ НА РЕВОЛУЦИОНЕРНАТА БОРБА И ЗАЕВ КАКО СЕГА Е СТАВЕН ВАНЧО МИХАЈЛОВ И ДРУГИ КРВНИЦИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Ако и денес немаме вистински концепт за македонската историја и Македонска национална програма, тоа е затоа што не го користиме граѓанскиот француски концепт за нација: Французин е секој кој се чувствува Французин и работи за интересите на Франција. Останатите се само француски државјани. Нашите пишман историчари не’ сметаат за Македонци, Македонците во Бугарија, Грција, Албанија, иако тие кои живејат во поробените делови од Македонија, во споредба со нив се вистински македонски патриоти. Надвор и внатре во Македонија си ја сакаат државата и народот и ниту се странски улизувачи, ниту се подржувачи на сепаратизмот и федерализацијата на државата. Дури луѓе како монголецот Литов Намдагдзансивин/кој пред неколку денови стана почесен член на ДПМ/ и како Американецот Џејсон Мико, се десет пати поголеми Македонци од тукашни лажни професори и лажни интелектуалци. Затоа што со дух и дејствија се вклопија во македонската борба за опстојување и иднина. Дај Боже, со вчерашниот избор на професор Никола Јанкуловски за ректор на Универзитетот „Кирил и Методиј“, да се средат лошите работи и во факултетите, и во институтите на Универзитетот.

Моментно квинслишката македонска опозиција има едноставна и конкретна цел. Владејачката ВМРО-ДПМНЕ со нејзиниот лидер пак е на раскрсница. И само купуваат време. Но, времето не работи за нас. Мигрантите веќе се на пат. Нуланд спрема куфери полни со уцени. Груевски, Иванов, Димитриев, Велјановски или пак, како секогаш досега македонскиот народ ќе им каже на странските гробари: „Ај сиктер!“?