![cesma](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/cesma.jpg?resize=640%2C358&ssl=1)
Водата од чешмата во дворот на џамијата во Нерези и јавната чешма на кривината во Средно Нерези не се безбедни за пиење и претставуваат опасност по здравјето на човекот.
Ваквата состојба со водата од двете јавни чешми во Нерези е утврдена по инспекцискиот надзор од страна на Државниот инспектор за храна од подрачната единица Скопје при Агенцијата за храна и ветеринарство, соопшти општина Карпош.