Министерството за надворешни работи објави во четвртокот список со 29 Американци, меѓу кои се бизнисмени, претставници на политичките елити, како и новинари коишто „формираат русофобна агенда“, на коишто им се забранува влезот во Русија.
Новата листа санкционирани која е одговор на низата идентични забрани за руските функционери и претприемачи, ја вкучува американската потпретседателка Камала Харис, основачот и сопственик на компанијата „Meta“ сопственик на социјалната мрежа Facebook, Марк Цукемберг, заменичката министерка за одбрана Кетлин Хикс, портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, челникот на „Bank of America“ Брајан Мојнхан…
На личностите ставени на спискот им е забранет влезот на руска територија. Во соопштението се додава дека мерката стапува на сила „веднаш“, како и оти во „скоро време“ списокот ќе биде проширен.
По почетокот на руската офанзива во Украина, западните земји предводени од САД ги засилија речиси деценскиот притусик преку санкции врз Русија. Покрај санкциите насочени кон виталните руски сектори, како и низа персонални санкции за руските политичари, челници на големите компании и претприемачи.