Забрането пливање на познатата хрватска плажа

Поради загадувањето не се препорачува капење на плажата Марек во центарот на Задар до понатамошно известување.
Препораката е издадена врз основа на извештај од Задарскиот институт за јавно здравје поради краткотрајно загадување на морето.

-Градскиот институт ќе го следи квалитетот на морето и ќе ја информира јавноста за прекин на загадувањето на морето, стои во соопштението.

Неофицијално се дознава дека загадувањето настанало поради излевање на фекалии од канализацијата.