Забрзано се гради двојниот кружен тек во Охрид

Забрзано се гради двојниот кружен тек во Охрид
Забрзано се гради двојниот кружен тек во Охрид

Интензивно се работи на изградбата на двојниот кружен тек на крстосницата на пресекот на булевар „Туристичка“ со улицата „Македонски поросветители“ во Охрид.

Во завршна фаза е изгадбата на примарниот круг со дијаметар 24 метри по што ќе се гради секундарниот, помал круг со дијаметар од околу 3,5 метри.

Веднаш потоа ќе следува поставувањето на два асфалтни слоја, со што ќе заврши оформувањето на падовите на коловозните конструкции на кружната крстосница.

На овој простор веќе е поставена нова атмосферска канализација од страна на ЈП „Нискоградба“ а изведувачот АД Илинден од Струга паралелно работеше на 5 од вкупно 7 фази за реализација на проектот.

Покрај градежните активности изминатиов период се работеше и на поставување на фундаментите за новото јавно осветлување на овој потег коешто ќе биде по највисока лед-технологија.

Јавните охридски претпријатија во моментов работат на поплочување на средишните разделни остова со бехатон-плочки.

охрид

Вкупната вредност на проектот кој што општина Охрид го реализира со поддршка на Светска Банка е 10.397 636,00 денари.
Градежните активности за изградба на оваа кружна крстосница запознаа на почетокот на месец септември годинава.