Забрзано се работи на доизградба на болниците во Штип и во Кичево

Владата забрзано работи за доизградба на клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, разговори се водат со 3 моќни европски држави. Здравството постојано е во фокус, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Истовремено владата води сметка за стандардот на граѓаните. Денес стартуваше и кампањата „Помалку трошоци, повеќе за тебе”, вклучени се над 80 компании со над 1000 производи.

Фокусот на владата е и на животната средина. Премиерот Христијан Мицкоски заедно со министерот Цветан Трипуновски зедоа учество во акција на МЗШВ за пошумување во Пијанец, засадени повеќе од 6000 садници.

Владата е со засилена посветеност и во доменот на безбедноста, МВР разби терористичка група со што државата е се побезбедна.

Конечно, во Македонија сите сфери од општествениот живот добиваат подеднаква посветеност, додаваат од партијата.