Една од водечките јапонски компании за огласување е обвинета за смртта на својата вработена за којашто причина е прекумерното ангажирање на работното место.
Компанијата „Dentsu“ е обвинета за кршењето на работните стандарди откако 24-годишната Мацури Такахаши во 2015 година извршила самоубиство.
Нејзините пријатели наведуваат дека несреќната девојка, којашто во компанијата работела помалку од една година, се жалеле дека толку многу работи што успева да отспие само 10 часа во седмицата.
Смртта поради замор од претераната работа е релативно честа појава во Јапонија, во којашто за оваа појава се употребува терминот „кароши“.
Мацури Такаши тврдела, кусо пред нејзината смрт, дека месечно работи 100 часови прекувремено.
Починала на кон крајот на ноември 2015 година. Според извештајот, во пораката којашто ја оставила до својата мајка, меѓу другото, напишала: „Зошто работите мора да бидат толку тешки?“.
Дневниот весник Asahi Shimbun објави дека компанијата сега е тужена поради нелегално прекувремено ангажирање на вработените и дека тужителите бараат парична казна.