Зад протекувањето на податоците од САД стои момче поддржувач на вооружувањето, пишува WP

Pentagon Papers.

Лицето коешто ги објавило доверливите документи на американски Пентагон е поборник на носењето оружје во дваесеттите години од животот кое работело во воена база, извести во средата весникот The Washington Post цитирајќи негови колеги од чет-група.

Предметното лице наводно на интернет платформата Dicord ги споделило стотината документи со ознака „тајна“ и „строго доверливо“, меѓу друго и за дејствијата на САД во врска со војната во Украина, во својата група составена од дваесеттина мажи кои споделуваат „заедничка љубов кон оружјето, воената опрема и Бога“, пишува WP.

Весникот го темели својот извештај на разговори на двајца анонимни членови во групата на Discord, платформа којашто претходно во средата соопшти дека соработува со полицијата.

Американското Министерство за правосудство минатата седмица покрена кривична истрага, откако Пентагон му го предаде случајот, Се проценува дека станува збор за најштетното објавување доверливи документи во последните неколку години.

Лицето го носи прекарот OG, што се толкува како кратенка од „оригинал гангстер“. Еден од изворите на весникот го опишал како лице во раните или средни 20-ти години на кој се угледувале другите челнови на групата за разговори.

„Тој е во форма. Силен е. Вооружен. Истрениран е. Отприлика сѐ што можете да очекувате од некој луд филм“, изјави еден малолетен член на чет-групата кој зборувал под услов за анонимност, со дозвола на неговата мајка, тврди The Washington Post.

Се додава дека слајдовите од доверливите документи поставени на Discord се прошириле на другите платформи како што се 4chan, Twitter и апликацијата Telegram.

Но сѐ уште нема објаснување како споменатото лице имало достап до документите и како тие биле незабележано отворено поставени на социјалните мрежи сѐ додека за нив минатиот четврток не пишуваше The New York Times.

Безбедносните агенции на САД и Министерството за правосудство го истражуваат истекувањето за да проценат колкава е предизвиканата штета за националната безбедност и односите со сојузниците и трети земји, бидејќи тие откриваат и нивно шпионирање од страна на американските тајни служби.