Популарноста на германскиот канцелар Олаф Шолц падна на ново рекодно ниско ниво, покажа анкетата објавена во четвртокот.
Во истражувањето на јавното мнение на јавната телевизија и социолошкиот институт ARD/Infratest, само 19 отсто од испитаниците се задоволни од политиките и работата на социјалдемократскиот канцелар.
Станува збор за еден процентен поен понизок негов рејтинг отколку во декември и најлошиот рејтинг за некој германски канцелар уште од 1997 година.
Пад на популарноста кај германските гласачи бележат и министерот за економија и вицеканцелар Роберт Хабек од партијата Зелени (Bündnis 90/Die Grünen) кој е на 24 отсто, со пад од 6 процентни поени.
Министерот за финансии Кристијан Линднер, член на третиот коалициски партнер во владата Слободните демократи (FDP) е на 23 отсто доверба, со пад на рејтингот од 4 процентни поени.
Иако навидум тоа претставува одлична вест за главната опозицска унија на Христијанско-демократската унија (CDU) и баварсата Христијанско-социјална унија (CSU), фаворит за победа на парламентарните избори во октомври 2025 година, сепак тоа не е целосно така, коментира службената новинска агенција DPA.
Имено, рејтингот на челникот на CDU, Фридрих Мерц, се намалил за 2 процентни поени на 30 отсто, со што се наоѓа зад министерот за одбрана Борис Писториус од SPD и шефицата на дипломатијата Аналена Бербок од Зелените.
Вкупно само 17 отсто од испитаните Германци се задоволни со политиките и работата на владата, додека 82 отсто се незадоволни.
Кога станува збор за партиите, десната евроскептична и противдоселеничка партија Алтернатива за Германија (AfD) повторно бележи раст на рејтингот, овојпат за 1 процентен поен на 22 отсто, додека унијата CDU/CSU и натаму е во водство со 31 отсто.
Владејачката SPD и натаму е далеку зад нив без промена со 14 отсто, Зелените загубиле 2 процентни поена на 13 отсто, а FDP добил еден процентен поен повеќе и е на 5 отсто..
Радикалната Левица (Die Linke) е на 4 отсто, што не би ѝ овозможило да го мине изборниот праг и да влезе во парламентот.