Поради тешката ситуација од поплавените бјелински села од реката Сава за повеќе од илјада домаќинства е продолжена вонредната состојба. На жителите од ова подрачје сеуште им се доставува храна, а на кабастиот отпад му се врши дезинфекција, исто како на теренот. Епидемиолошката состојба е се уште несигурна.
И во областа Брчко с еуште е на сила елементарната непогода. На одредени места водата тешко се повлекува.
Вечерва започнува и првата фаза од прскањето против комарци во ова подрачје, како и заедничката дезинсекција на Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина. Во подрачјето на Бања Лука, во текот на вчерашниот ден се прскаше од земја.