
Во сообраќајна несреќа во српскиот град Заечар четири лица загинаа откако воз налетал на џип на железнички премин.
Несреќата се случила рано утрово, а сите патници во џипот се починати, соопштуваат тамошните власти.
Од српската Железница наведуваат дека овој премин е обезбеден со браници и дека има поставено чувари на неколку места.
На местото на несреќата е испратена екипа на полицијата со цел да се изврши увид и да се утврдат точните причини за несреќата.