Заедницата на Македонци во Хрватска се огради од најавените протести

Заедницата на Македонци во Република Хрватска заедно со сите нејзини членови денеска преку писмено соопштение се огради и воено ги отфрли сите барања на демонстрантите за најавениот протест што треба да се одржи во сабота на 23 – ти пред Амбасадата на Република Македонија во Загреб.

„Согласно со нашиот статут, Заедницата на Македонците во Република Хрватска е неполитичка и непартиска организација. Заедницата на Македонците во Република Хрватска со сте нејзини членки во рамките на своето делување, пред се, ги негува, промовира и штити севкупните вредности на Република Македонија и севкупните пријателски односи помеѓу двете наши земји Република Хрватска и Република Македонија, за општо добро, притоа почитувајќи ја актуелната власт која е избрана по волјата на народот на редовните парламентарни избори во двете пријателски земји“, се вели во соопштението.