Во Охрид во петкот ќе биде реализирана демонстрација на заедничка Оперативно-тактичка вежба „ХАРПУН 2022” од страна на припадниците на Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ од Македонија и Специјалниот одред за борба против тероризмот од мионистерството за внатрешни работи на Бугарија, во содејство со Одделот за воздухопловни единици при соодветеното министерство на Македонија.
Вежбата ќе се одржи на крајбрежјето на Охридското Езеро, до Полициската станица за Граничен надзор „Охридско Езеро”.
Ова е втора заедничка вежба од ваков вид за оваа година, по вежбата што се одржа во јуни 2022 година во Софија.
На вежбата ќе присуствуваат високи делегации од двете министерства, предводени од министерот за внатрешни работи на Македонија, Оливер Спасовски и заменик министерот за внатрешни работи на Бугарија, Венцислав Катинов.