Што говорат заедничките фотографии за вашата врска?

Понекогаш е толку очигледно дека поминувате низ лош период во врската, а некогаш е тешко и самите партнери да се проценат каква е реалната состојба, односно дали се еден за друг. Тие може да се чувствуваат задоволно, но им недостига нешто… Или пак може да се случи сексот да функционира совршено, но комуникацијата да закочи.

Според сексуалниот терапевт Трејси Кокс состојбите во врската може да се проценат мошне едноставно и тоа со посматрање на заедничките фотографии.

Фотографиите може да кријат тајни сигнали што претходно не сте ги забележале, а секако се повод да размислите за вашиот однос и да размислите дали сакате и дали можете да го подобрите. За пример изберете фотографија на која и двајцата сте знаеле дека се фотографирате. Нека биде некоја понова, а ако сте подолго време во врска тогаш треба да ги споредите промените на фотографиите низ времето. Ако сите подолу наведени знаци се тука тогаш ќе биде добро да размислите за иднината.

Вашата врска е супер ако на фотографијата:

  1. Се гледате право во очи, или еден од партнерите насмеано гледа во камерата а другиот го гледа во очи – оваа фотографија открива дека немате што да криете;
  2. Седите на стол/ кауч или стоите еден до друг – тоа покажува дека не сакате да бидете физички одвоени, односно дека сакате да бидете блиску еден до друг;
  3. Стоите исправено прегрнати или сте ја префрлиле раката еден преку друг – погрбавувањето може да биде знак дека мислите „ајде да се сликаме веќе еднаш“;
  4. Вашите карлици се блиску – колку поблиску ви се карлиците и колковите, тоа говори дека таа блискост ви е природна што значи дека имате редовен и исполнет сексуален живот;

Ако на фотографиите нема ништо од претходно наведеното, размислете за ова:

  1. Вие и вашиот партнер стоите оддалечени еден од друг, односно не се допирате со ниту еден дел од телото, затоа што физичката оддалеченост обично се поврзува и со емоционалната;
  2. Единствено се допирате е кога се среќавате, при поздравување или кога заминувате или пак за време на секс – значи сте ја изгубиле физичката интимност и сте станале „пријатели со бенефиции“;
  3. Се поретко се гледате во очи, а додека разговарате еден од вас секогаш гледа во ѕид/телевизор/мобилен телефон;
  4. Ако случајно се допрете, еден од вас „скока“ во паника;
  5. Кога седите заедно создавате физички прегради, ги вкрстувате рацете, ставате перници, го вртите грбот…