Премиерот Зоран Заев од Луксембург го заостри тонот кон соседна Бугарија и Европската Унија. За време на официјалната посета, Заев изјави дека бугарското вето е недостаток на почит кон Македонија, но дека Владата останува посветена на патот кон евроинтеграциите.
„Главната цел е да се решат историските разлики во толкувањата меѓу Скопје и Софија. Морам да кажам дека со овој пристап ЕУ нема да постои. Европејците гледаат кон иднината, а не кон минатото“, рече Заев.
Од друга страна, бугарскиот премиер Бојко Борисов за време на средбата со министерот за надворешни работи Бујар Османи изјави дека спорот меѓу двете земји треба да се реши врз основа на разум, а не на емоции. Според Борисов, решавањето на спорот меѓу двете земји се постигнува преку политичка волја.
„Сите спорови меѓу Бугарија и Северна Македонија мора да бидат решени. Идните генерации нема да ни простат за пропуштената можност. Хероите кои ги дале своите животи не треба да бидат предмет на поделби. Нивниот сон беше да бидат заедно и за тоа го дадоа својот живот. Тие треба да бидат мост на поврзување, а не предмет на поделба“, рече Борисов.
Двајцата колеги го делат заедничкиот став дека до јуни може да се постигне заемно прифатливо решение, доколку страните се конструктивни во преговорите.