
Премиерот се произнесе за сведоштвото на бизнисменот Киро Тошевски. Вели дека сакал да му помогне, а брат му му рекол оти не бил заинтересиран за земјиштето, бидејќи не бил во тој бизнис.
Изминативе неколку дена ТВ Алфа го откри овој скандал, каде целата случка ја раскажуваше лично Киро Тошевски.
Тошевски вели дека неговиот имот сакал да го купи Вице Заев, а во овој скандал биле вмешани и неколку доктори.
Братот на премиерот за Алфа ги демантираше сите тврдења на Тошевски. Рече дека одвај го познава а дека за неговиот имот ниту бил заинтересиран, ниту пак знае нешто. Но, според Тошевски сето ова паѓа во вода, кога доаѓа следниот, како што тој го нарекува посредник меѓу Заеви и него.