Претходната власт криеше убиства, договараа апсења на луѓе без докази, ако имавме докази Зоран Заев ќе ги објавеше бомбите до крај, таму има сериозни индиции, вклучитено и разговорот на обвинетиот Фејзи Азири со поранешнио гостиварски градоначалник Невзат Бејта за да му бидат исплатени субвенции, одговoри премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање од пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ за петкратното убиство кај Смиљковци.
Илиоски праша дали премиерот „чувствува макар морална одговорност што цело време манипулираше со разговорите за случајот „Монструм“, играјќи со судбината на родителите на убиените момчиња , за на крај да им каже дека во „бомбите“ всушност се разговарало за субвенции.“
Премиерот Заев додаде дека можеби немал право на родителите на убиените деца кај Смилковско езеро да им ги покаже прислушуваните разговори, но морал да го стори тоа почитувајќи ја нивната болка за изгубените чеда.
„Таму има сериозни индиции и моја должност беше да ги предадам до Специјалното јавно обвинителство. И тоа го сторив. На родителите им покажав како обвинетиот Фејзи Азири разговара со тогашниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта и го моли да му бидат исплатени субвенциите. Им ги покажав и скриените броеви од мобилните телефони. Можеби немав право на тоа, ама морав, почитувајќи ја болката на родителите што изгубиле свое дете. Нивната болка заслужува дополнителна транспарентна истрага“, рече Заев
Додаде дека правото и правната држава функционира, борбата со корупцијата е ефикасна. Од сите 22 случаи на убиства во земјава само две не се докрај откриени, рече Заев, а истрагата за нив продолжува.
„Прашање е дали ќе се открие вистината за убиството кај Смилковското езеро, за кумановските настани и за случајот на Никола Младенов“, додаде Заев.