Раздор на македонското национално ткиво и прикажување на Македонците за дестабилизирачки фактор во државата се едни од целите на лидерот на СДСМ Зоран Заев, пишува „Курир“.
Ваквите тенденции не беа присутни ни во 2001-вата, па сега според Заев проблем за државата не се Албанците, туку Македонците. Според лидерот на СДСМ, Албанците се конструктивен фактор во земјава.
Со тоа што упорно не објавува разговори од Албанци, освен разговорот на лидерот на ДПА Мендух Тачи, кој Заев се обиде да го злоупотреби за да и се додвори на ДУИ за да излезе од Владата, лидерот на СДСМ го потврдува токму ова.
Медиумите пишуваат дека СДСМ секојдневно испраќа пораки до Албанците од политичкиот блог во кои нудејќи им сè и сешто бара техничка Влада. Ова и досега неколку пати беше споменувано во медиуми блиски до СДСМ.
Весникот ВЕЧЕР во понеделничкото издание пишуваше дека дека освен со БЕСА, членови на СДСМ и блиски со Зоран Заев ги зачестиле контактите со радикалните екстремисти од косовско Самоопределување, со кои заеднички планира создавање нереди во мај.
Самото необјавување на ниту еден разговор кој би можел да биде компромитирачки за албанските политичари покажува дека лидерот на СДСМ одработува за да му нашети директно на ВМРО-ДПМНЕ по секој цена, дури и ако тоа би значело раздор меѓу македонскиот народ. На оваа тема говореше и новинарката Мирка Велиновска.
– Цел месец гледаме како се подготвува македонскиот народ за поделба, се подготвува терен за граѓанска војна што никогаш не сме го имале како искуство, рече Велиновска.
На оваа тема говореше и аналитичарот Александар Пандов, кој вели дека Заев се обидува да внесе страв и поделба кај Македонецот.
Ваквото однесување на Заев е директно против македонскиот народ, на штета на целата држава. Целта на тоа сценарио се потврдува со секој настан на Заев, а тоа е внесување на страв, раздор во македонското национално ткиво, и рушење на системот на државата. Преку воспостување на акутна политичка и меѓуетничка криза, да се предизвика дестабилизација.
Поради сето ова ГДОМ и граѓаните на Македонија покренаа граѓанска иницијатива до институциите за да разгледаат можностите за поведување на постапка за одговорност на Зоран Заев поради чин на велепредавство на државата, иницијатива која наиде на голема масовност кај граѓаните и покрај заканите на опозицискиот лидер за поднесување тужби.