Заев цврсто е решен за избори на 21 јуни

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев стои цврсто на ставот дека изборите треба да се одржат на 21 јуни. Како што кажа тој по завршувањето на лидерската средба кај претседателот на државата, Стево Пендаровски, изборите треба да се организираат што поскоро бидејќи ќе следувал период на нов пробив на епидемијата.

-Неодговорност, незрелост и мислење само на партиската фотеља не доведе до тоа да не дојдеме до консензус, рече Заев.

Според лидерот на СДСМ, однесувањето на лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е на штета на државата, обвинувајќи дека тој се плаши од граѓаните и гласањето.

-Сакаат да се одолговлекуваат здравствената и економската криза, за да креираат нова политичка криза. Ние тоа нема да го дозволиме, рече Заев.

Изборите се одредени, истакна тој, по завршување на вонредната состојба продолжуваат изборните дејствија.

-Сметаме дека можеме да организираме избори. Техничката Влада чија првенствена улога е да организира избори паралелно со мерките за заштита на граѓаните треба да ги рестартира и предизборните процеси за органзизирање слободни, фер и демократски избори, со целосна заштита на здравјето на граѓаните. Очекувам да се подготват и сите процеси на институции задолжени за изборите, пред се на ДИК, рече Заев.