Премиерот Зоран Заев денеска треба да седне на обвинителна клупа за случајот „Поткуп“.
Судењето за примање поткуп од струмички бизнисмен продолжува денеска со нова судијка. Наместо Деана Груевска Илиевска која го судеше досега, но отиде во кривичниот оддел за полнолетни, се очекува предметот да го земе во свои раце нов судија.
Заев е обвинет за земање приближно 160 илјади евра од струмички бизнисмен.