![zaev pozarnikari budinarci](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/08/zaev-pozarnikari-budinarci.jpg?resize=696%2C426&ssl=1)
Денеска, 8 август 2021 година, премиерот Зоран Заев е на теренска посета и увид во состојбата со пожарите во беровско.
Премиерот вчера го прекина одморот, и веднаш замина во местата каде што е најкритично со пожарите. Притоа апелираше на граѓаните да бидат внимателни и да ја почитуваат забраната за посета на шумите.
„Шумите брзо се палат, но бавно се гасат. Благодарност до сите кои помагаат во гасењњето на пожарите, како и до другите држави кои ни помогнаа во оваа тешка ситуација“, кажа Заев при вчерашната посета.
Од вчера и авион од Романија учествува во гасењето на пожарите во Малешевијата. На терен се и хеликоптери од Србија и од Македонија, а од вчера истите полнат гориво во близина на кризните точки, со што се скратува времето на интервенција.