Заев до крајот на јули палнира да постигне коалициски договори со албанските партнери

Претседателот на СДСМ Зоран Заев за ТВ21 истакна дека до крајот на месецот ќе бидат готови коалициските договори.

Тој додава дека поддршка ќе добие таа партија со која имаат коалиција, не прецизирајќи дали е тоа Беса или ДУИ.

– Немам сè уште одговор, но се надеваме дека ќе постигнеме до крајот на овој месец. Со ДУИ, БЕСА и ДПА. Таму каде што имаме повеќе кандидати од нашата коалиција, тој што ќе влезе во вториот круг логично е да биде поддржан од сите коалициски партнери – порача Заев за ТВ21.