Премиерот Зоран Заев добил закна со следната содржина:„Само куршум за тебе копиле. Ќе ти го свирнам без око да ми трепне“.
Веројатно, закната е упатена преку социјалните мрежи, во контекст на неговата денешна средба и заедничка прес-конференција во Скопје со еврокомесарот Јоханес Хан.
Премиерот го пријавил случајот, а за овој коментар го известила неговата ќерка.
Заев ја прочита заканата до него од собраниската говорница, во текот на седницата за пратенички прашања, а одговарајќи на прашање на пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ за тоа дали има политички реваншизам при наводни отпуштања од администрацијата на локално ниво.
„Пред околу еден час, мојата ќерка ми испрати коментар оставен за време на прес-конференцијата со еврокомесарот Хан. Има секакви појави. Го знаеме човекот. Знаеме од каде е, дека им семејство и деца. Го пријавив случајот и по него нека постапуваат институциите“, истакна Заев