Премиерот Заев го поздрави ребрендирањето на Демократската Унија за интеграција (ДУИ) и тоа што партијата ја напушта етничката агенда во смисла да работи само на унапредувањето на правата на Албанците.
Добро е, вели Заев, што отсега натаму акцентот на своето делување ДУИ ќе го стави на агенда како што е зелената агенда на владата од која бенефит ќе имаат сите граѓани независно од етничката припадност.
Заев не коментира за тоа како досега градоначалниците на ДУИ се справувале со еколошките теми во општините што ги раководеле, но отсега па натаму се надева за неколку месеци да бидат согледливи и активностите во оваа сфера.