Двајца членови на Владата се под истрага, изјавил денеска премиерот Зоран Заев по одржувањето на Самитот Македонија 2025, пренесе Ал Џазира, повикувајќи се на агенциите.
Како што истакнал Заев, врз основа на пријава на граѓани, покрената е истрага против две лица, кои се во Владата, а кои се на власт од крајот на летото.
– Работат само два месеца и веќе се под истрага. Понатаму не сакам да кажувам детали – додал Заев.