На денешната собраниска седница пратеникот и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски, во пратенички прашања до Владата го праша премиерот Зоран Заев каде бил бегалецот од правдата во која куќа или стан доколку се кажува дека бил во Скопје. Но, премиерот не одговори на прашањето.
„Како претседателот на Владата ја координирал акцијата за обезбедување на бегалецот од правдата, а во исто време бегалецот од правдата кажа дека имал 40 температура и дека два дена бил во изолација, па самиот се пријавил. Според тоа што го кажува Владата, бегалецот бил цело време во Скопје и се криел, а според информации што дојдоа до нас, тој бил надвор од државата и потоа се вратил во Македонија. Ако ја прифатиме тезата дека бегалецот бил во Скопје, се поставува прашањето каде бил во Скопје, односно каде престојувал. Па прашањето кое го поставува целокупната македонска јавност е каде бил доколку бил во Скопје, дали куќата или станот е лоциран и зошто не е извршен претрес на истиот. А доколку не бил во државата, како се вратил назад, дали нелегално се врати бидејќи дека нелегално ја напуштил земјата и што правеле пограничните органи на државата“, рече Николоски.
Исто така, Николоски го праша премиерот Заев зошто на социјалните мрежи има објави и споделувања на општински организации на СДСМ во однос на јавниот повик за попишувачи за претстојниот попис којшто ВМРО-ДПМНЕ го оспоруви.
„Имајќи во предвид дека се појавија вакви објави сакам да го прашам претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, по која методологија општинските организации ќе ги избираат попишувачите. Дали тоа ќе биде според кој колку гласови донел на претходните избори, дали ќе има и родова застапеност, дали и колку ќе има процентуална застапеност на коалиционите партнери на СДСМ. Дали премиерот знае која земја членка на ЕУ во којашто се врши попис, општинските организации на владејачката партија ги објавуваат тие огласи и повикуваат луѓе да се кандидираат„, истакна Николоски.
И третото прашање е за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, дали тој знае дека во градот Скопје хара една банда и колку што знам, рече Николоски досега има претепано четири луѓе, од кој еден е новинар.
„Сите тие имаат една заедничка точка а тоа е што не се во добри односи со бегалецот од правдата. Дали ќе се охрабри Министерството за внатрешни работи да ги открие овие луѓе, и да одговараат за претепувањето на тие четири лица. Дали овие бандити ќе бидат сопрени затоа што тие претставуваат еден вид на платена војска на бегалецот. Еве и да помогнам малце, сите знаат цело Скопје знае дека тие насилници се од Автокоманда, рече Николоски