![заев](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/10/zaev.jpg?resize=660%2C401&ssl=1)
Премиерот Зоран Заев е против целосно затворање на државата поради зголемениот број на случаи на Ковид-19, бидејќи, според него тоа ќе се одрази на економијата.
-Ако Комисијата за заразни болести предложи мерки кои навистина ќе го намалат бројот на заболени, ние како Влада ќе ги прифатиме. Но, нема да брзаме со полициски час и целосен локдаун, бидејќи тоа ќе се одрази на економијата – изјави Заев, кој денеска беше во обиколка на претоварна станица во Скопје каде се одложуваат стари печки и други нееколошки грејни тела.
Во вчерашниот извештај на министерството за здравство беа регистрирани рекордни 535 нови случаи на Ковид-19 во Мемјава, најмногу од почетокот на епидемијата.