Заев: Ќе служиме чесно и одговорно и ќе бидеме сервис за сите граѓани

На крајот на собраниската седница пред самото гласање, пред пратениците се обрати и мандатарот Зоран Заев кој истакна дека ќе работат транспарентно и ќе воведат и модерно образование.

– Ќе работиме за посилно здравство кое ќе води целосна грижа за сите граѓани. Ќе служиме чесно и одговорно и ќе бидеме сервис за сите граѓани. Сите сме еднакви и мора да работиме заедно за граѓаните. Сите соседи ни се пријатели и имаме одлична соработка и очекуваме економската соработка да расте. – рече Заев.

Заев најави и целосна обнова на економијата и дека ќе ги поттикнува младите да се вработуваат и во приватниот сектор. Истовремено најави и привлекување на странскиот капитал и инвестиции. Тој ги повика младите да не заминуваат, туку да останат и да помогнат во модернизирањето на државата. Истакна и дека ќе го искорени криминалот и најави и брза поддрша за најсиромашните.

– Побогатите ќе плаќаат повеќе за државата. – рече Заев.

Заев ајави и дека ќе има ефикасен и правичен правен систем по пат на прочистување на судството. Тој на крајот побара и поддршка од опозицијата и да се надмине омразата за да се дочека догодина јубилејот 30 години од независноста на државата.