Премиерот Зоран Заев рече денеска дека немал никакви информации во врска со надзорот на изградбата на модуларната болница што изгоре во Тетово.
-Станува збор за модуларни објекти, проект на Светска банка спроведен преку Министерството за труд и социјална политика преку кредитната линија за потребите на социјалните предмети во земјата и во одговорноста за здравствениот систем, објасни Заев.
На новинарско прашање дали министерот во оставка Венко Филипче и натаму доаѓа на работа, Заев одоговори:
-Филипче доаѓа на работа, се додека правно не бидат завршени сите работи, и до доаѓање на нов министер тие ќе ги извршуваат обврските, рече Заев.