Премиерот Зоран Заев на прес конференција рече дека ќе ја почитува волјата на народот на претстојниот референдум, каква и да биде и ги повика граѓаните да излезат и да го дадат својот глас за иднината на Македонија. Тој во присуство на целата Влада ги повика граѓаните да изберат светлина, наместо темнина и ја повика опозицијата да не бега од одговорноста бидејќи станува збор за историска одлука.
Секој од нас е должен да ја земе обврската за иднината на нашата земја. Не дозоволувајте некој да ви го одземе правото да излезете и да изберете. Јас се обврзувам дека ќе го почитувам исходот без оглед каков е. Јас верувам во одлуката на нашите граѓани, Македонија ќе ја биде, ќе стане членка на ЕУ и НАТО. Македонскиот народ вечно ќе говори на македонски јазик. Со вашиот глас на референдумот нема да дозволите некој да ја држи Македонија во заложништво. Опозицијата сака да не попречи, десет години можеа да дојдат до договор, наместо да си играат со стиропор споменици, тајно преговараа и неодговорно ставаа додавки и претставки на името. Со години бараа референдум и сега кога Собранието донесе одлука дека треба да се слушне гласот на народот избегаа. Ова е време за клучни одлуки, а не за бегство. Им се обраќам на сите чесни членови на ВМРО-ДПМНЕ, вам врата ви е отоврена. Јас преземав ризик и направив чекор за иднината на Македонија. Напревете го вистинскиот чекор, сега е време за храбри и патриотски одлуки. Тргнуваме силно и никој не може да не сопре, посочи