Премиерот Зоран Заев го честиташе изборот на Џо Бајден за 46-от претседател на САД.
„Честитки за новоизбраниот претседател Џо Бајден и потпретседателката Камала Харис! Сигурен сум дека ќе продолжиме да ги развиваме одличните односи кои ги имаме со САД и да го продлабочуваме нашето сојузништво во НАТО, но и на сите полиња. Иднината пред нас е светла!“, напиша премиерот Заев на својот фејсбук профил.