Заев го осуди нападот врз Бислимоски

Премиерот Зоран Заев денеска го осуди нападот врз претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимоски, оценувајќи дека тоа е директен атак врз едно независно регулаторно тело, кое е многу важно за државата, како и сите други државни органи.

„Го осудувам и се надевам дека брзо ќе биде процесуирано со соодветна пријава“, рече Заев додавајќи оти верува дека МВР со аргументацијата на доказите ќе преземе соодветни пријави.

Како што информира вчера МВР, во вторникот во 23:54 часот „М.Б. (45) во СВР Скопје пријавил дека на тераса од угостителски објект на подрачјето на Центар бил физички нападнат од А.Џ. (28)“.