Заев го уценува одржувањето на изборите со законот за опојни дроги, ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати по ниедна цена

Закажаниот датум за предвремените парламентарни избори, 12 април 2020 година, можно е да биде доведен во прашање поради одолговлекувањето на носење бројни закони во Собранието, кои според власта се од „животно значење“ за граѓаните, а деновиве премиерот Зоран Заев рече дека е можно и да не поднесе оставка, ако не се донесат законите

„Изборите се договорени и тие треба да се одржат на 12-ти април. Јас сум првиот што сака да ги запазиме сите процедури, но ако се дозволи опозицијата на видлив начин во Собранието да наоѓа начини, а има право според Деловник, да ги блокира законите за повисоки плати и пензии, за реализација на државните проекти кои живот значат за граѓаните, тоа се сосема серозни причини да разговараме дури и за одложување на изборите“, изјави Заев.

Додаде дека нема да дозволи „интересот на државата да биде доведен во прашање поради тоа што некој има некоја скриена агенда која може да биде дури и легитимна само ако не е на штета на државата и на граѓаните“. Заев нагласи дека голем дел од оние закони чие донесување, според него го кочи опозицијата, мора да се усвојaт во декември, бидејќи се врзани со Буџетот за да може нивната имплементација да почне во јануари.

Опозицијата обвини дека се работи на сценарио за одложување на изборите, затоа што власта се се плаши од соочување со народот.

А еден од тие „животнo важни“ закони коишто Заев сака да ги протурка и со кои негвоата СДСМ уценова за одржување на изборите, се измените на законото за опојни дроги, кој беше злоупотребен и во екот на одлучувањето на датумот за отпочнувањето на преговорите со ЕУ кога беше ставен со ткн „европско знаменце“.

Со измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции во 2016  година, како што стои во текстот на Предлог-законот, се уредија условите за одгледување на канабис за медицински цели од правни лица кои по исполнување на условите по односна простор, опрема и кадар, оценети од страна на Комисија формирана од министерот за здравство, добиваат одобрение за одгледување канабис за медицински цели, по претходна добиена согласност од Владата. Со новиот Предлог – закон се овозможува извоз на сув цвет добиен со одгледување на канабисот за медицински цели, така што на правните лица одгледувачи на канабисот им е овозможено веќе произведените количини на сув хербален производ како опојна дрога да ги пласираат на пазарите во Европа и пошироко, при тоа почитувајќи ги меѓународните конвенции и европското законодавство што ја регулира материјата.

Досега во државава одобрение за одгледување на канабис за медицински цели по претходно добиена согласност од Владата имаат добиено 29 фирми од кои клучните играчи на таа листа се роднини и блиски соработници на премиерот Заев.

Интересот за инвестирање во државава за одгледување на канабис за медицински цели е поради поволната бизнис клима, како и ефтината работна сила на пазарот на трудот. Интересот е зголемен и  поради рапидно зголемената цена на светската берза на маслото од канабис и сувиот цвет од растението канабис. Со овој закон Македонија всушност ќе стане озаконет дилер на марихуана во странство, а голем дел од неа ќе потекнува од плантажите во кои влог имаа семејството Заеви. Токму затоа, и за да се избегне јавната дебата, беше ставено „европско знаменце“ со кое по скратена постапка во три дена овој закон ќе треба да мине во парламентот.

ВМРО-ДПМНЕ, од своја страна, предупреди дека Заев ќе се соочи со гнево на граѓаните доколку продолжи насилно да го турка особено ова решение и за тоа да се злоупотребуваат изборите.

Опозицијата сака аргументирана дебата за сите закони, и порачува дека го поддржува зголемувањето на минималната плата, којашто според ВМРО-ДПМНЕ е само параванот зад кој Заев го сокрива својот вистински интерес. Меѓутоа, како што неодамна истакан опозицискиот лидер Христијан Мицкоски, тоа треба да темели на реални основи, а не да се користи само како популустички инструмент за продолжување на политичката кариера на Заев.

„За вториот реформски таканаречен закон на дуото Анѓушев и Заев, а потоа поврзан со легализација на дилањето дрога односно дилањето на марихуана од Македонија во светот, жестоко ќе се спротивставиме“, порача неодамна Мицкоски.