Универзитетската професорка Тања Каракамишева Јовановска вели дека СДСМ и натаму ќе продолжи да тера деструктивна политика. Тоа беше јасно од самиот почеток кога започна процесот на свесно дестабилизирање на државата, тоа е јасно и сега.
СДСМ е свесна дека изборите во април 2016 година ќе ги изгуби со најголема разлика видена на парламентарните избори во Република Македонија. СДСМ е свесна дека нема мнозинска поддршка од граѓаните, и токму поради тоа тие од ден на ден стануваат се пофрустрирани, се понерационални и порадикални. Нивниот стил на политичко делување не им носи никакви позитивни резултати, но и покрај тоа партиското раководство на чело со Заев продолжува со познатиот каубојски стил на наметнување. Упорно, преку форсирање на разни форми на закани, уцени и забрани, како главни политички механизми во нивното владеење, тие сакаат да им ја докажат на граѓаните својата политичка вредност, својата политичка моќ. Користејќи ја деструкцијата, СДСМ сака и натаму да остане видлив политички фактор на сцената, бидејќи на друг начин очигледно не им оди. Додека работата и конкретните резултати им се најслабата страна, деструктивноста им е дефинитивно главната алатка на политичкото мени. Очигледно најдобро се чувствуваат кога се на тој терен. Но, од друга страна гледаме дека реалноста им го возвраќа ударот, односно секој деструктивен обид за себенаметнување, всушност, им завршува со неуспех. Крајно непромислениот и штетен обид да се запре нормалната исплата на пензиите, на платите на лицата од јавниот сектор, е само една од низата контрапродуктивни одлуки што ниту еден разумен граѓанин не може да ги оправда. ДИК донесе конечна и извршна одлука со која го симна апсурдното вето на дополнителниот заменик-министер од СДСМ, а Заев и правниците од неговиот тим треба да знаат што значи терминот конечна и извршна одлука. На какви други инстанци мислат, само тие си знаат, бидејќи на пошироката правна јавност и е сосема јасно дека ако правилно се чита законот други правни инстанци за овој конкретен случај не постојат. Можеби повторно мислат на инстанцата плачење пред амбасадорите.
Пандов: Потегот на Заев да го казни сопствениот народ е само еден од неговите потези кои што се на самото дно од политиката
Според политичкиот аналитичар…