Според политичкиот аналитичар Александар Пандов, во последно време Заев, непогрешливо наликува на политичари кои што историјата не учи во минатото дека во оној период кога им било јасно дека паѓаат од престолот (а во дадениов случај извесниот пораз на наредните парламентарни избори Заев неминовно ќе мора да се повлече од претседателската функција) покрај тоа што они тонат во кал, они гледаат со себе да направат што е можно поголема штета на своите најблиски, а во голем број на такви примери и на својот сопствен народ.
Па така и господинот Заев, наместо во период на предизборие да слушнеме што тоа тој и неговата партија нудат, какви се нивните ветувања за иднината на Република Македонија, какви перспективи планираат, какви можности за вработувања, тој бара како да го казни сопствениот народ. Последното негово делување, а тоа е да ги казни пензионерите, земјоделците, социјалците е само еден потег од спектарот на негови потези кои што се на самото дно од политиката. Значи, човек кој што дефинитивно прави и работи да направи лошо, никако добро на сопствениот народ. Ако на сето тоа ги надоврземе неговите видувања за двојазичност, односно за федерализација на Република Македонија веќе мислам дека на секого му е јасно дека овој човек треба да се испрати во политичката историја, а од друга страна пак правните институции на државата да го испратат во институција која што прилега за ваков криминалец како него, вели Пандов.
Велиновска: Народот само треба да се охрабри да не потпаѓа под пропагандни притисоци!
Новинарката…