4.8 C
Skopje
сабота, декември 21, 2024

Заев и Филипче тераат оро во кафеана, па глумат загриженост за корона-кризата

Заев и Филипче глумат загриженост, наводно прифаќаат некакви мерки, но во исто време на корона изборите тераат оро и слават во кафеана. Додека пациентите не можат да се обезбедат со инсулинска и антикоагулантна терапија, додека се соочуваме со инсулинска криза во државата, тие народот го лажат и го замајуваат дека имало мерки, и дека се преземаат нови мерки. Во најмала рака ова е навреда за граѓаните, и навреда за болните, изјави на денешната прес конференција, Игор Николов претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

– И наместо да се слушне струката во врска со пандемијата со КОВИД-19, таа се користи за параван за неспроведување на мерки, а се слушаат пи-ар претставите на Филипче и на Заев. Комисијата за заразни болести не е ништо друго туку еден обичен параван. Кога веќе објавуваат мерки потребно е Комисијата за заразни болести да ги каже епидемиолошките цели, заради кои што се предлагаат тие мерки, во исто време треба да се објави и објасни кога се планираат тие цели да бидат остварени. Во спротивно се што прави Комисијата и Филипче претставува еден обичен пи-ар, посочува тој.

Тој вели дека треба да се одговори, зошто досегашните мерки кои што ги имавме наместо резултати дадоа пролонгирана агонија.

-Ги навикнаа граѓаните на 20, 30 па и 40 починативо текот на денот, во текот на 24 часа. Ги навикнаа граѓаните на 30-35% позитивни од вкупно тестирани во 24 часа. Здравството се претвори во КОВИД здравство. Последна линиката која што станува КОВИД клиника е Клиниката за трауматологија, а наверојатно со оваа динамика и со овие мерки – немерки наскоро и целата зграда на Хирургија ќе стане КОВИД во кампусот клиники Мајка Тереза. И наместо претворање на целокупното здравство во КОВИД здравство и лекување на само една дијагноза, требаше да загрижат и згрижат останатите пациенти, останатите заболувања и останатите дијагнози, додаде Николов.

– Наместо мерки за бенефит на граѓаните, денес се носат задоцнети мерки кои нема да променат ништо. Заболените од КОВИД плаќаат само 4.000 денари за да обезбедат антикоагулантна терапија, кој што не може да се купи ниту на приватно. За овие граѓани се потребни субвенции. Наместо 3-4 карантин викенди, како што предлагаа експертите епидемиолози претходно, со цел да се стави епидемијата под контрола, денес повторно се предлагаат мерки – немерки кои што тешко дека ќе дадат видливи резултати, ниту се објавува кога овие резултати ќе ги видиме. Наместо промена на протоколите од примарно до терциерно ниво и нивна дистрибуција до целокупниот медицински и немедицински персонал, се одвлекува вниманието со некакви мерки за порано затворање на рестораните и кафулињата. Наместо мапирање на целокупниот медицински персонал за да се види неговата расположливост да биде вклучен во битката со КОВИД – 19, јавноста се замајува со некакво наградување на медицинарите кои што биле на првата линија на борба со короната, а за таквото наградување ниту имаше и ниту има трага и глас. Наместо одговорност, лагите и пи-арот бесрамно продолжуваат. Потребна е или да се промени и професионализира Комисијата за заразни болести или одговорност на Заев и Филипче, дециден е тој.