Заев и коалициските партнери сакаат избори на средината на јуни

По средбата ви неделата на коалиционите партнери  од коалицијата „Можеме”, предводена од СДСМ, утврден е предлогот за организирање на предвремените парламентарни избори во средината на јуни, рече на прес-конференцијата , лидерот на владејачката партија, Зоран Заев, кој рече дека ова е ставот на коалицијата, со кој ќе одат на лидерската средба во вторник, кај претседателот на државата, Стево Пендаровски.

 Заев уверува дека треба „да се искористи моментот на олабавување на коронавирусот и да се оди на избори во средината на јуни, поточно на 14-ти јуни.

 

„Заклучивме дека на државата ѝ се потребни избори веднаш штом се создадат услови за нивно одржување. Доколку продолжи да се намалува заразата тоа е најдобро од здравствен и економски апсект. Добро е да се одржат во такви услови зашто не се загорозува здравејто на граѓаните, посебно што на есен се очекува нов пик. Тоа би и дало можност на држата подобро да се подготви за новиот бран со Собрание и функционални инситуции“, изјави лидерот на СДСМ по средбата.

Истакна дека а кризата со коронавирусот оставила сериозни последици на економијата и затоа, како што рече, потребни се Собрание и Влада со целосен легитимитет за да можат да преземат соодветни чекори за нејзино надминување.

„Нашата држава навремено презеде мерки и добро се справува со вирусот, но не треба опуштање и затоа апелираме граѓаните да се придржуваат и да ги почитуваат сите препораки“, додаде Заев.