Заев и СДСМ го поништуваат македонскиот јазик?!

Универзитетската професорка и писателка, Јасна Котеска, јасно го предочува тоа што власта сака да го релатитвизира, притоа карактеризирајќи го како невистина, или само еднострано гледање на работата. Ова се однесува на документите, веќе јавно обелоденети, од кои што станува јасно дека барањето на Бугарија стана дел од  заклучокот за проширување на ЕУ, а се однесува на Македонија и Албанија.

Во нив се бара Македонија да се откаже од грижа за македонското малцинство како и тоа во ЕУ наместо македонски јазик да се користи терминот „службен јазик на Република Северна Македонија“.

Професорката, во објава на социјалните мрежи, ја преведува третата реченица од овој документ, во врска со проширувањето на ЕУ и заклучоците од 25 март за добивање датум за преговори за Македонија и Албанија.

„Ниеден документ/став/изјава на ЕУ и институциите на ЕУ, не смее да се толкува како признавање на постоењето на независен, таканаречен „македонски јазик“.