Лидерот на СДСМ Зоран Заев, пред вториот круг на локалните избори, со СМС порака до партиските членови, ги повикува да разговараат со граѓаните, да уважат сечиј став и да повикаат на обединување.
– Другари и другарки СДСМ е во акција! Разговарајте со граѓаните и уважете сечиј став. Барам секој од вас да повика на обединување за да продолжиме напред. Ваш Зоран Заев, стои во СМС пораката.